📷 ©
Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International
Легендарниот француски дефанзивец, Дидие Динар не е веќе селектор на репрезентацијата на Црна Гора, соопшти Ракометниот сојуз на Црна Гора. Неговиот договор истече со завршувањето на баражот за СП 2027 во кој Црна Гора по два тешки натпревари со Словенија, не успеа да се пласира на мундијалот.
Заминувањето не е изненадување, затоа што извесно време се шпекулираше со негов нов ангажман. Така и бидна, паралелно со информацијата дека Динар нема да биде селектор на Црна Гора од нивниот сојуз информираа и дека тој ќе ја преземе репрезентацијата на Луксембург.
Тоа трансфер ја тангира и македонската репрезентација затоа што Луксембург, заедно со Грција и со Шведска се следните квалификациски противници на Македонија. Репрезентации против кои ќе играме за пласман на ЕП 2028.
Против Луксембург ќе играме во првото коло, на домашен терен на 4 ноември што во пракса значи дека Дидие Динар ќе дебитира на клупата на Луксембрг во Македонија.