Тунижанец го замени Брестовац

Тунискиот тренер Аман Кафси е замената за македонскиот тренер Данило Брестовац во катарската екипа Ал Араби. Овој туниски тренер има сосема солидно искуство во водење на екипи од Блискиот исток. Бил тренер на Ал Вакра од Катар, селектор на Кувајт и тренер на кувајтската екипа Ал Кадсја.
Предизвикот во Ал Ахли ќе биде голем, Данило Брестовац освои шест пехари за две години и постави ниво што нема да биде лесно да се стигне. 

Поврзани вести