Нов договор за Јоновски во Германија

Photo: SGSH Dragons

Поранешниот македонски репрезентативец Аце Јоновски, во последните близу десет години успешно работи како тренер во Германија. Откако ја заврши играчката кариера во екипата на Интерактив каде што стана и почна тренерска кариера и имаше неколку успешни сезони, Аце Јоновски се пресели во екипата на СГСХ Драгонс која игра во третата Бундеслига.
Минатата година ја водеше оваа екипа, а летово задоволни од досегашната соработка, Јоновски и управата на Драгонс се договорија да соработуваат уште најмалку две години.


 

Поврзани вести