Хосни се сели во клуб од Франција

Photo: Chartres Metropole Handball

Тунискиот бек Усама Хосни летово по втор пат замина од Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра за екипа од првенството на Франција.
Екипата на Шарт, позната во Македонија и по учество на струшкиот турнир е новата дестинација на 33 годишниот десен бек со договор до 2028 година.
Усама Хосни во Македонија дојде во 2023 во редовите на битолскиот клуб, во 2024 накратко замина и играше на Блискиот исток за екипите на Ал Рајан и Араби и истата година се врати назад во Битола.
За време на својот ангажман во Еурофарм Пелистер, Усама Хосни имаше неколку партии кои на битолчани им донесоа клучни победи во дерби натпреварите и во мечевите за пехар. Воедно тој беше еден од најкритикуваните играчи од кого секогаш се очекуваше повеќе. Севкупно од наш агол комплетно си го оправда трансферот, а Шарт добива квалитетно засилување.

Поврзани вести