М20 против Данска за крај на Првата рунда

Денеска со почеток од 13:30 македонските јуниори ќе го одиграат последниот меч од Прелиминарната рунда на М20 ЕХФ Еуро што се одржува во Романија. 
Противник на Македонија е репрезентацијата на Данска која во првите две кола ги совлада репрезентациите на Хрватска (37-30) и на Норвешка (33-30) и се пласираше во Главната рунда. 
Македонија во првите две кола беше поразена од Норвешка (31-36) и од Хрватска (29-34) и ги загуби шансите за пласман во горната половина на табелата. 

Данска е фаворит, а македонските ракометари во продолжението на првенството ќе играат за подобар пласман и ќе собираат искуство и податоци за тоа што ќе ги чека следното лето кога ќе бидат домаќини на СП У21. 

Поврзани вести