Австрија и Летонија се следните предизвици за Македонија

Јуниорската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во горниот дел на табелата на ЕП М20 и по трите порази во Првата рунда, ќе продолжи да игра за пласман. 
Македонија заедно со малерозната Норвешка која со гол во последната секунда загуби од Хрватска иако имаше последен напад се во група со репрезентациите на Австрија и на Летонија. 

Првиот меч ќе го игра утре против Австрија со почеток од 11:00 часот. Македонија замина од Клуж и следните два меча ќе ги игра во Турда. Задутре, исто така од 11 часот Македонија ќе игра со Летонија. 

Поврзани вести