Вардар со италијански предизвик во ЕХФ Куп

Ракометен настан на денот е ждрепката за Европските купови што денеска се одржа во Виена. Женскиот ЕХФ Куп и Европската лига беа први на сцената, а во овие две ждрепки се најдоа и две македонски екипи.

Во ЕХФ Куп, екипата на ЖРК Вардар, некогашниот финалист на Лигата на шампионите, сега стартува од второто коло и за прв противник ќе ја има екипата на Бриксен од Италија. Првиот натпревар треба да се игра во Италија на 3/4 октомври. Реваншот е една недела подоцна во Скопје. 

 

Поврзани вести