Стојков го засили Е. Пелистер 2

Уште едно ново име пристигнува во екипата на Еурофарм Пелистер 2 откако тренер на клубот стана Бранислав Ангеловски. 
Александар Стојков, ракометар кој има играно под водство на Ангеловски од времето минато во екипата на Алкалоид е новото име во битолскиот состав. Стојков е десно крило и беше еден од најдобрите стрелци во Алкалоид откако премина во Автокоманда од екипата на Голден Арт.
Имаше пех со повреда која го промени текот на неговата кариера, па откако замина од Алкалоид играше за екипите на Струга и на Куманово.
Комплетно фит тој сигурно ќе биде одлично засилување за битолскиот тим кој полека добива физиономија на екипа што нема да игра епизодна улога во првенството. 

Поврзани вести