ГРК Тиквеш стартува против тим од Луксембург

Во машка конкуренција, во ЕХФ Европскиот Куп прв пат беа одвоени ждрепките за првото и второто коло. ГРК Тиквеш е единствената од четирите македонски екипи во овој Куп што ќе игра во првото коло.
Двата последни шампиони на ЕХФ Куп, Алкалоид и Охрид, како и екипата на Бутел Скопје се во второто коло на ова натпреварување и противниците место денеска како што беше традицијата, ќе ги дознаат дури во септември.

Екипата на ГРК Тиквеш во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп за противник ја доби екипата на Еш од Луксембург. Првиот натпревар кавадарчани ќе го играат на домашен терен, 12/13 септември. 
Кавадарчани добија противник по мерка и доколку успеат да поминат тогаш ќе го преземат и нивното место на ранг листата. Екипата на Еш во моментов е рангирана на 52 место, додека Тиквеш е рангиран како 76 од вкупно 83 екипи. 

Поврзани вести