Се разделија Е. Пелистер и Алем Хаџиќ

Уште еден трансфер, односно заминување од Еурофарм Пелистер за кое долго време се знаеше и зборуваше денеска доби официјална потврда.
Интернационалецот од БиХ, Алем Хаџиќ веќе не е дел од битолскиот колектив. Тој играше во Битола три сезони и ќе остане запаметен како најзаслужниот играч за пласманот на кадетскиот тим на Е. Пелистер на ЕХФ Младинскиот Клупски Трофеј во Келн пред две сезони. Новиот ростер на битолчани направи поинаква конкуренција на централната бековска позиција и Хаџиќ и Е. Пелистер се договорија секој да оди по својот пат.
Еурофарм Пелистер со објава на социјалните мрежи ја потврди разделбата.

Босанскиот ракометар Алем Хаџиќ повеќе не е дел од семејството Еурофарм Пелистер, откако двете страни се договорија за предвремен спогодбен прекин на соработката. Младиот централен бек помина три години во Битола, оставајќи значаен белег во младинските категории, а повремено настапуваше и за првиот тим.

Хаџиќ пристигна во Еурофарм Пелистер во август 2023 година како 16-годишен талент од босанскиот клуб Коњух. Тој беше лидер на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер кој обезбеди историски пласман на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони, во која беше најдобар стрелец. На само 17 години, тој дебитираше и се запиша во листата на стрелците за првиот тим на Еурофарм Пелистер во сениорската Лига на шампиони. Ги освои сите три титули првак на Македонија од 2023 до 2025 година.
Еурофарм Пелистер му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата

Поврзани вести