Јуниорите поразени на пенали од Полска

Македонската јуниорска репрезентација е поразена од селекцијата на Полска на својот претпоследен натпревар на М20 ЕП.
Македонските јуниори одиграа нерешено во регуларниот дел, а подобри по изведување на седмерци беа полските ракометари кои ги погодија сите пет пенали, додека Македонија не погоди во четвртата серија и натпреварот заврши со конечни 33-32 за Полска. 

Претходно се играше исцрпувачки меч во кои противничките играчи се обидуваа повеќе на сила да го добијат натпреварот што резултираше и со два црвени картона за нивните ракометари. Водеше Македонија во поголемиот дел од мечот, но во финишот Полска имаше водство од 28-25. Поповски и Тевдовски намалија на 27-28, а потоа Марин Крстевски имаше сигурна рака и од седмерец израмни на 28-28 во последните секунди. Истиот ракометар со погодок ја почна пенал серијата, но на крајот не беше пишано Македонија да победи. 
Ова беше меч што одлучуваше која репрезентација ќе игра за 17 место. 

Поврзани вести