Лесна победа на јуниорите над Турција

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА  41-24 (20-11)
Николовски 1 (7 одб), Младенов (7 одб), Лазов 9, Поповски 6, Гурмешевиќ 5, Ѓокески 4, Крстевски 4, Тевдовски 3, Матески 2, Славков 2, Ѓорчески 2, Гарбески 1, Каевски 1, Ѓоргиевски 1, Јаневски, Петрески

Македонската М20 репрезентација ја совлада репрезентацијата на Турција во разигурвањето за пласман и нќе игра за пласман од 17 до 20 место на јуниорското ЕП што се одржува во Романија. 
На мечот со Турција, македонската репрезентација немаше многу тешка задача и уште во првиот дел, во кој оствари разлика од девет гола ја резервираше победата. 

Мики Лазов се разигра во последните два меча за Македонија и со девет гола беше најефикасниот играч на нашиот тим, а беше следен од Поповски, Гурмешевиќ, Ѓокески и Крстевски кои заедно комбинираа 19 погодоци. 

Поврзани вести