Се договорија Сегед и Јим Готфридсон

Photo: IHF

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед објави дека е постигнат договор со шведскиот ас Јим Готфридсон за раскин на договорот под услови што се прифатливи за двете страни.

ПИК Сегед на почетокот на април објави дека еднострано го раскинува договорот со Готфридсон, по што следуваше експресна реакција од ракометарот, а случајот стана интересен и за медиумите и за потенцијално заинтересирани клубови, но и за ЕХФ и други судски инстанци затоа што Готфридсон немаше намера туку-така да си замине.
По два месеца во кои најмногу страдаше имиџот на Пик Сегед, приказната до доби својот „среќен“ крај. Сегед продолжува по својот пат, а за Готфридсон наводно се заинтересирани Хој Елит од Данска и Флензбург од Германија.



 

Поврзани вести