-
19.7.2026
-
Планета ракомет
Денеска е последниот ден на М20 ЕХФ ЕУРО, натпреварување кое е квалификациско за пласман на последниот голем настап за оваа генерација на ракометари, а тој голем настан ќе се одржи во Македонија следното лето.
На Светското првенство У21 што ќе се игра во Македонија право за настап ќе имаат ракометари кои во 2027 нема да наполнат 22 години.
Европа, согласно квалификациските регулативи на ЕХФ и ИХФ на СП Македонија ќе испрати 16 екипи. Освен Македонија, првите 15 екипи од М20 Ехф Еуро ќе дојдат на светската смотра кај нас следното лето. Пет екипи ќе има Африка, четири Азија, три Јужна Америка, две Северна Америка и Кариби, а по едно место е резервирано за Океанија и победникот на ИХФ Трофеј.
Досегашното искуство вели дека ИХФ ќе добие некоја вајлд карта во свои раце со оглед на тоа дека Окенија ниту во сениорска конкуренција не успева да испрати екипа, но за таа вајлд карта или повеќе ако ги има конкуренцијата ќе биде голема затоа што во игра ќе бидат и Русија и Белорусија. Во овој момент од ракометен агол ќе навиваме и за Летонија, за да го видиме и Валнис Калнинш во Скопје и за Хрватска која е традиционално ракометно блиска земја и која според пласманот е т.н. прва замена.
Според М20 ЕХФ ЕУРО од Европа на У21 СП 2027 ќе ги видиме следниве екипи:
Македонија (домаќин), Шведска, Унгарија, Словенија, Данска, Франција, Германија, Швајцарија, Шпанија, Исланд, Норвешка, Ф. Острови, Израел, Романија, Австрија и Португалија.
Поврзани вести