Летонското чудо постави нов рекорд

Photo: Latvijas Handbola federācija

Најголемото ракометно откритие на М20 ЕП, летонскиот бек Валдис Калнинш постави нов рекорд по број на постигнати погодоци на младински шампионат.
Валдис Калнинш на мечот со Србија постигна 20 гола што е рекорд по број на постигнати погодоци на М20, а вкупно на турнирот постигна 104 гола со што го сруши рекордот на естонскиот бек Мат Патраил стар 20 години.
Валдис Калнинш има 18 години и минатата сезона ја одигра во екипата на Мурјану од Летонија. Но, уште во 2025 бил на проба во Елверум, таму многу му се допаднало и потпиша тригодишен договор со норвешката екипа што почнува летово. Заинтересиран за него бил и германскиот Потсдам, но гостопримството на Норвежаните било пресудно за да донесе конечна одлука.

Поврзани вести