Photo:
Creative Commons CC0 1.0 Universal Public Domain Dedication.
Египетскиот клуб Ал Ахли потпиша едногодишен договор со една од најголемите египетски ракометни ѕвезди во последните 15-тина години, Ахмед Ел-Ахмар. Овој ракометар има полни 42 години и минатата сезона играше во најголемиот ривал на Ал Ахли, екипата на Замалек.
Ел-Ахмар, своевремено желба и на скопски Металург, е играч што потекнува од Замалек и затоа овој трансфер има специфична тежина. Првиот трансфер надвор од Египет, во времето кога тоа беше доста комплицирана (административно) работа го имаше во Ал Џаиш (2012), во Европа има играно само за германскиот Флензбург (2015) како позајмен играч. Потоа исто така како позајмица играше за Ал Калеј и Ал Најма и одново се врати во Замалек. Со оглед на возраста се веруваше дека кариерата на вонсерискиот десен бек е веќе заршена, но Ал Ахли се погрижи да не биде така.