Унгарија е М20 европски шампион!

Photo: EHF/Simon Sebastian Tataru

Ако се суди според прогнозите пред почетокот на М20 ЕП, добивме изненадувачки европски шампион. Тоа е Унгарија која во финалето за два гола беше подобра од Шведска (34-32).
Но, ако се суди според прикажаното уште од почетокот, тогаш финале Унгарија – Шведска не е изненадувачки. Не беа во прв план овие два тима. Шпанија со Маркос Фис, Германија со Расмус Анкерман, Словенија со Аљуш Анжиќ подобро котираа во прогнозите. Но, откако Унгарија ја победи Словенија во групната фаза, комплетната слика се смени.
На крајот заслужено, Унгарија во Скопје следното лето ќе допатува како актуелен европски првак со нова фаворитска улога и за светското злато. Третото место го освои Словенија со триумф над репрезентацијата на Данска.



 

Поврзани вести