Кадетите во битка за опстанок во елитата

Машкото М20 ЕХФ Еуро само што заврши, а на сцената следната недела ќе се искачат момците од М18 генерацијата. М18 ЕХФ Еуро во речникот на РФМ заведени како кадети ќе настапи во најсилната конкуренција во својата возраст на првенство што ќе се одржи во Белград, Србија со старт од 29 јули.
Системот на натпреварување е истиот како и кај нивните две години повозрасни колеги, но влоговите се поинакви и директно ја засегаат и македонската репрезентација.

Кај М18 за разлика од М20 постои можноста за испаѓање од најсилната конкуренција. Овие натпреварувања се поделени на ЕХФ Еуро што е најсилното натпреварување и ЕХФ Шампионати кои се една скала подолу.

Екипите пласирани од 1 до 21 место на ЕХФ Еуро обезбедуваат пласман на М20 ЕХФ Еуро 2028 доколку и домаќинот на тоа првенство е меѓу нив. Бидејќи домаќинот или домаќините имаат загарантирано место, таа граница се поместува доколку тие не се во Топ 20.

Од М18 ЕХФ Еуро се обезбедува и директен пласман на СП У19 што ќе се одржи следната година. Европа има 14 загарантирани места на следното СП У19.

Македонските кадети немаа среќа во ждрепката и според рејтингот би требало да се борат за опстанок во елитата. Не го потценуваме квалитетот на нашите кадети, но Македонија е во групата „1“ со репрезентациите на Шведска, Франција и Словенија, а оттука само две екипи продолжуваат во Главната рунда и ќе имаат обезбеден пласман на СП У19.


 

Поврзани вести