Кадетското ЕП на ТВ Арена Македонија

Македонската кадетска репрезентација во среда ќе го почне својот настап на М18 ЕХФ Еуро. Ова Европско првенство ќе се одржи во Белград, Србија, а македонскиот тим е во Прелиминарната рунда е група со репрезентациите на Словенија, Франција и Шведска. 

Против Словенија ќе играме во среда (29.7), против Франција во четврток, а против Шведска во сабота.

Придобивка од појавувањето на ТВ Арена Македонија е што и настани од ваков тип ќе бидат директно пренесувани. 
Конкретно, натпреварите на Македонија ќе бидат пренесувани на ТВ Арена, а ќе има и други средби од првенството што ќе бидат на ТВ. 

Поврзани вести