ЕХФ ја објасни Европската лига, ќе одлучува ждрепка

Европската ракометна федерација го дообјасни системот по кој ќе се игра ЕХФ Европската лига следната сезона. Клучно во објаснувањето на новиот формат е дека во Плејоф, Топ 16 и 1/4 финалето, паровите ќе бидат одредени со ждрепка.





Клучни карактеристики на форматот на ЕХФ Европската лига за мажи:

32 екипи во групната фаза се распоредени во осум групи со по четири екипи.
Секој тим ќе игра шест натпревари: по еден натпревар дома и на гости против секој од останатите тимови во групата.
16-те екипи кои ќе завршат на првото и второто место во осумте групи ќе се пласираат во Плејоф.
Екипите што ќе завршат на третото и четвртото место го завршуваат настапот во натпреварувањето.

12 екипи од ЕХФ Лигата на шампионите се приклучуваат на натпреварувањето во Плејоф.
Плејоф ќе се состои од 14 двојки, парови што ќе се одредуваат со ждрепка.
Во осминафиналето, на 14-те победници од плејофот им се приклучуваат уште две екипи кои доаѓаат од ЕХФ Лигата на шампионите; двојките повторно се одредуваат со ждрепка.
Осумте победници од осминафиналето се пласираат во четвртфиналето, чии двојки исто така се одредуваат со ждрепка.
Четвртфиналето и завршниот турнир на ЕХФ Европската лига остануваат непроменети.

Поврзани вести