Кореја со шампионско педигре доаѓа во Македонија

Photo: AHF / Chinese Handball Association

Репрезентацијата на У21 Кореја следното лето во Македонија ќе допатува како шампион на Азија. Младите корејски ракометари во финалето на 19 Азиски јуниорски шампионат ја совладаа екипата на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) и по пауза од осум години повторно имаат злато на градите.
Третото место го освои Саудиска Арабија откако го совлада тимот на Бахреин.
Овие четири репрезентации обезбедија учество на СП У21 што следното лето ќе се одржи во Македонија. Претходно и 16 европски репрезентации обезбедија пласман на овој мундијал.



 

Поврзани вести