Втора победа на македонските кадети на ЕП

МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА 29-27 (13-15)
Николовски 1 (14 одб), Поповски 9, Дамчевски 7, Симоновски 5, Костов 4...


Македонските кадети ја запишаа втората победа на М18 ЕХФ Еуро и ќе го освојат второто место во Интермедија групата.
Македонските кадети беа подобри од своите врсници од Турција (29-27) на натпревар на кој на нашиот тим освен бодови му беше потребна и подобра гол разлика. На крајот ќе важат само бодовите, Македонија не одигра доволно добро за да направи подобра гол разлика која, пак, ќе решава за понатамошниот рапоред.

Првиот дел беше веројатно најлошиот период на репрезентацијата на тековното ЕП. Почнавме со минус 0-3, потоа беше 2-5...Турците диктираа ритам и имаа водство во текот на целото прво полувреме, со мал исклучок од 18 до 21 минута кога Македонија водеше 11-10 и 12-11.
Потоа Македонија влезе во уште еден лош период исполнет со технички грешки и на полувреме резултатот беше 15-13 за Турција.

Второто полувреме беше далеку подобро гледано од агол на македонскиот тим. Веднаш беше анулирана негативата, а брзо беше изградено и водство кое што максимално изнесуваше шест голови (26-20).
Но, место да го однесе водството кон двоцифрена разлика, македонскиот тим одново ги врати во игра противниците, па тие имаа теоретска шанса за реми се до последната минута.
Конечни 29-27, заслужена победа и сега ќе ги чекаме разврските на другите натпревари за да се направи следниот распоред.

Ѓорѓи Николовски со 14 одбрани и еден постигнат гол беше одново една од клучните фигури во тимот на Кузманоски. Бобан Поповски постигна девет гола, Горазд Дамчевски беше стрелец на седум погодоци.