Келце и ПСЖ на трансфер пазар, Шипжак доби нов договор

Photo: IHF/ Kolektiff

Бразилскиот пивот Едни Силва Оливеира потпиша за екипата на Пари Сен Жермен и ќе му се приклучи на тимот на Гарсија Парондо од следното лето. Оливеира има 28 години и сезонава настапува за Спортинг.

Ракометарот на Монпеље, левото крило Древи Паскал, е најсериозниот кандидат за преселба во редовите на полскиот шампион Келце, како замена за Дилан Наи, кој заминува од Полска и ќе игра за францускиот првак Пари Сен Жермен.

Паралелно со објавата за ангажманот на пикерот Силва Оливеира, парижаните потврдија и дека е потпишан нов едногодишен договор со полскиот пивот Камил Шипжак. Со новиот договор, Шипжак ќе остане во ПСЖ до 2028 година, кога ќе ја заврши својата деветта сезона во клубот.

Норвешкиот бек Симен Лисе, еден од ракометарите што настапија на кадетскиот мундијал во Македонија во 2019 година, најверојатно нема да го одработи договорот со ПСЖ до крајот. Според медиумските информации, тој би можел порано да замине од францускиот клуб и да ѝ се приклучи на данската Фредериција.

Бјерингбро-Силкеборг во следниот период ќе мора да настапува без Расмус Лауге.

Данскиот репрезентативец беше изнесен од теренот во неделата по судир со противнички играч на првенствениот натпревар, а лекарските прегледи покажале дека има скршеница на коската на потколеницата. Предвидената пауза е пет до шест недели.