Легендарниот Норвежанец се откажа од тренерската клупа

Фото: Wenflou / Wikimedia Commons (CC0)

Легендарниот норвешки ракометар Бјарте Мирхол привремено ја прекина тренерската кариера бидејќи не успеал да ги усогласи обврските во приватниот живот со тренерската професија.

Тој беше тренер на норвешкиот Рунар Сандефјорд, а на дуелите со Алкалоид во 2025 година и лично можевме да се увериме дека врши одлична работа. Сепак, по крајот на минатата сезона се повлече од клубот, а викендов дебитираше на нова работна позиција.

Мирхол стана стручен коментатор на норвешката телевизија ТВ 2. Веќе учествуваше во еден пренос, но неговите анализи, поткрепени со долгогодишното искуство како играч, а потоа и како тренер, се очекува да дојдат до израз за време на Светското првенство во Германија во јануари 2027 година.