ВЕСТИ: Полуфинале на СП за македонски судии, Словенците стигнаа до финале на ЕП...

Македонските судии Виктор Начевски и Данело Божиновски ќе го судат полуфиналниот натпревар меѓу Шпанија и Египет на Светското првенство во женска кадетска конкуренција што се одржува во Кина.

Македонскиот интернационалец Димитар Узунчев постигна еден гол на својот деби меч во дресот на екипата на Целје од Словенија. Узунчев прв пат во кариерата играше против екипата на Веспрем на прошталниот натпревар на Гашпер Маргуч во унгарскиот состав.
Веспрем славеше голема победа од 49-32 (25-9).

Репрезентацијата на Македонија на М18 ЕХФ Еуро во меч за деветтото место, утре со почеток од 14:30 часот ќе се сретне со тимот на Израел. Натпреварот ќе биде пренесуван на ТВ Арена М2 Премиум.

Во финалето на М18 ЕХФ Еуро што се одржува во Белград ќе се сретнат репрезентациите на Словенија и Германија. Словенците во полуфиналето доминираа над репрезентацијата на Данска, а Германија тесно, со два гола разлика ја совлада селекцијата на Шпанија.

Полскиот репрезентативец и ракометар на Келце, Михал Олејничак ќе ги пропушти првите четири месеци од новата сезона. Тој го оперираше коленото на левата нога и неговото враќање се очекува кон крајот на декември.