Нант без најдобриот играч против Вардар

Фото: ИХФ

Екипата на Нант, противник на Вардар 1961 во групната фаза на Лигата на шампионите доживеа сериозен хендикеп на почетокот на последната фаза од подготовките. 
Нант беше на гостување во Унгарија, а таму, на првиот контролен натпревар со Татабања, нивниот лидер на теренот и во одбрана и во напад, Тибо Брие, по само неколку минути мораше да го напушти теренот. 

Француските медиуми пишуваат за дислокација на палецот на раката. Тој веќе е во Франција каде што треба да му биде извршена неизбежната операција. Паузата се претпоставува дека ќе биде меѓу шест и 12 недели. 

Нант ќе биде гостин во Скопје на 16 септември во рамките на второто коло од Лигата на шампионите, по ако се точни проценките, Тибо Брие сигурно нема да биде дел од екипата на Нант на тој натпревар.