Се разделија Е. Пелистер и Мехмедовиќ

Ангажманот на Омер Мехмедовиќ, еден од бројните нови и за пошироката јавност не многу познати играчи во Еурофарм Пелистер, заврши пред официјално да почне сезоната во Суперлигата и во Европската Лига.

Интернационалецот од БиХ и Е. Пелистер го раскинаа договорот според кој тој требаше да остане една плус една година. Битолскиот клуб ја официјализираше разделбата и му се заблагодари на Мехмедовиќ за досегашната соработка.

Омер Мехмедовиќ е 26 годишен бек кој дојде од австрискиот Барнбах, а игра на позиција на која битолчани имаат уште најмалку четири решенија, но дали е тоа причина или не, не е официјално потврдено и во суштина не е ни толку важно.