Фото: ГРК Охрид
Една од (нај)актуелните ракометни вести што денеска се „врти“ по социјалните медиуми е можноста екипата на Партизан да го украде од ГРК Охрид десното крило Дарко Ѓукиќ.
Црно белите предводени од Раул Гонзалез деновиве се во Македонија и веќе ја почувствуваа Битола во Регионалната лига, а утре ќе играат и со Алкалоид во Автокоманда. Тие сезонава доведоа неколку звучни имиња (Вагнер, Абутовиќ, Мигаљон, Лумбросо, Чордалија, Кос, Кулеш), па оттука и не е ништо чудно ако продолжат да склопуваат екипа и да се обидат да доведат уште играчи, особено кога станува збор за српски репрезентативци, иако веќе најавија дека ростерот им е затворен.
Но, охриѓани можат да бидат мирни (засега), затоа што од клубот нѐ информираа дека веста за заминување на Дарко Ѓукиќ од ГРК Охрид во Партизан, не е точна.