И Адемар се офајди од Партизан

Од играчкиот распад на екипата на Партизан почнуваат да профитираат клубовите што беа подготвени да ги ангажираат нивните ѕвезди. Вецлар го доби Милош Кос, Мешков Брест се договори со Сергеј Иванов, АЕК се засили со Никола Црноглавац, а Бекир Чордалија потпиша за Градачац.

Сѐ уште има квалитет во понудата, а нивните најдобри ракометари Владислав Кулеш, Јоав Лумбросо и Тобијас Вагнер и натаму немаат клуб. Но, сега оваа листа е пократка за уште еден одличен ракометар, кој потпиша договор со нов клуб.

Шпанецот Мигел Санчез Мигаљон е нов ракометар на шпанската екипа Адемар Леон. Некогаш славниот клуб моментално се наоѓа на 11. место, но има само бод повеќе од екипите во зоната на испаѓање. Адемар Леон има само три победи и седум порази, па Мигаљон ќе биде добредојдено засилување во битката за излез од опасната зона.