Извисија Нант и Монпеље? Србинот останува верен на Тулуз

Фото: Wenflou / Wikimedia Commons (CC0) - Cropped image

На најавите дека српскиот тренер Даниел Анѓелковиќ заминува од Феникс Тулуз и дека е сериозна опција за клупата на Монпелје и Нант, менаџментот на Тулуз одговори најмангупски што можеше – без да ги коментира гласините, сочека да дојде вистинскиот момент и официјално објави дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Даниел Анѓелковиќ, кој останува нивни тренер најмалку до јуни 2029 година.

Анѓелковиќ е дел од Тулуз веќе 16 години, откако во 2010 година пристигна во клубот како играч од Пик Сегед. По завршувањето на играчката кариера, во 2015 година стана дел од стручниот штаб, а шест години подоцна ја презеде функцијата главен тренер. Под негово водство, Тулуз се наметна меѓу поконкурентните екипи во француското првенство, а Анѓелковиќ трипати беше избран за најдобар тренер во лигата – во 2022, 2023 и 2025 година.