Вардар го одложи гостувањето во Србија

Фото: РК Вардар 1961

Екипата на Вардар 1961 нема да гостува во Панчево во предвидениот термин (среда) за натпревар од Регионалната лига. Црвено-црните побараа и добија одложување на натпреварот, затоа што во тимот имаа бројни повреди и вирусни ракометари.

РК Вардар 1961 ја известува ракометната јавност дека на наше барање прифатено е одложување на натпреварот од 2-то коло на Регионалната Ракометна Лига помеѓу екипите на Динамо Панчево и РК Вардар 1961, кое по распоред требаше да се одигра на 26-ти Август ( среда ). Ова барање следи по низата на повреди и вирус кој го погоди нашиот тим, а поради што сме оневозможени да гостуваме во Панчево.

Изразуваме огромна благодарност до РК Динамо Панчево и раководството на Регионалната Ракометна лига за позитивниот одговор на нашето барање.

Утре ќе се играат два натпревари од Регионалната лига во Македонија. Во Битола гостува екипата на Ловќен од Црна Гора, а во Скопје во Автокоманда со почеток од 19:00 часот силите ќе ги одмерат Алкалоид и Партизан.