Михаел Дамгард на радарот на Партизан?

Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)

Денешниот гостин во Скопје, екипата на Партизан не се симнува од насловите и генерира кликови и лајкови низ социјалните медиуми овој пат благодарејќи на информацијата за можен нов звучен трансфер во нивниот клуб.
Уште еден лев бек е во прашање, а тоа е поранешниот дански репрезентативец, Михаел Дамгард (36).
Дамгард е еден од ретките ракометари кои освоил шампионски пехари во ЛШ, Европската Лига, Супер Глоуб, Бундеслигата, Светско првенство и Олимписки игри. Врвот на кариерата го достигна во 10 годишниот период во кој играше за Магдебург (2015-2025), а лани се пресели во данскиот проект Хој Хендбал, а беше претставен и во американскиот Лос Анџелес Хендбал.
Имајќи го сето ова во предвид, а и тоа дека левите бекови Милош Кос и Владислав Кулеш во моментов се повредени, реализација на овој трансфер не изгледа како невозможна мисија.