Саду Нтанзи доаѓа во Е. Пелистер?

© Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons) cropped image

Еурофарм Пелистер денеска е во трансфер вестите на денот низ ракометните медиуми ширум Европа. Според повеќе извори, францускиот интернационалец Саду Нтанзи би требало да ги засили редовите на битолскиот клуб и да му отвори на тренерот Лино Червар нови опции во организацијата на нападот.

Саду Нтанзи е 26 годишен ракометар од позицијата централен бек кој кариерата ја почна во центарот за формација на Пари Сен Жермен, а откако во 2018 беше избран за ол стар играч на М18 ЕХФ Еуро, следната сезона дебитираше и за првиот тим и играше во Лигата на шампионите.

Потоа Нтанзи стана дел од размената на играчи што него го одведе во Тулуз, а во спротивен правец, во ПСЖ пристигна Лук Стеинс. Нтанзи првата улога на главен играч ја доби во следниот трансфер во Татабања. каде што пристигна веднаш по заминувањето на екс-селекторот на Македонија, Драган Ѓукиќ. Од Татабања се пресели кај друг поранешен селектор на Македонија, кај Данило Брестовац во Ал Араби, но не остана долго таму туку беше позајмен во Мелсунген каде што играше во Европската лига.