Вести: Згасна СЕХА, Барса го задржа тренерот, стартува Лигата на шампионите

Најдобриот ракометен проект на овие простори надвор од ингеренциите на ЕХФ недвојбено е СЕХА лигата. Односно беше СЕХА лигата. Следната сезона, комплетно гасне проектот затоа што нема да се игра ниту фракцијата што се одвои на исток каде што играа екипи од Русија и Белорусија.
СЕХА лигата во која играа екипи од Македонија, Хрватска, Србија, Словачка, Белорусија во периоди и екипи од Словенија, Унгарија, Романија, Кина и Русија по конфликтот во Украина беше запрен и поделен на два дела. Функционираше само источната фракција. Годинава завршува и таа приказна и ќе ја чекаме СЕХА одново на сцената во некои подобри времиња.

Шпанскиот тренер Антонио Карлос Оретга потпиша продолжување на договорот со Барса за нови пет години. Ортега во Барса дојде на местото на Чави Пасквал во 2021, ако сѐ биде како што е договорено, ќе остане на кормилото на каталонската екипа до 2031 година.

Ненад Краљевски, српскиот тренер кој стана првак на Македонија со екипата на ЖРК Куманово во 2021 година е пред трансфер на Далечниот исток. Според сѐ уште официјално непотврдени информации, Краљевски треба да биде тренер на кинеската екипа Шангај.

Утре ќе стартува новата сезона во Лигата на шампионите во машка конкуренција. Седум натпревари се на програмата во стандардните термини на ЕХФ од 18:45 и 20:45. Дерби на денот е дуелот меѓу екипите на Алборг од Данска и Пари Сен Жермен од Франција.

Бундеслигашот Гумерзбах, покажал заинтересираност за ангажман на исландскиот ракометар Ори Торкелсон кој во моментов настапува за екипата на Спортинг од Португалија.