Photo: GRK Ohrid
Лигата на шампионите стартуваше со три тесни резултати во првите четири одиграни натпревари. Екипата на ПСЖ успеа да искубе еден бод во Данска од тимот на Алборг. Елоим Пранди и Феран Соле (10/10) постигнаа два гола во финишот со кои ПСЖ од 31-33, стигна до реми 33-33. Меѓу овие два гола, Томас Арнолдсен од екипата на Алборг не реализираше пенал што ќе му обезбедеше победа на домашниот состав.
Неочекувано голема мака виде Келце на дуелот со дебитантот Криенс Луцерн и тоа на домашен терен. Само гол разлика победи полскиот состав на натпревар на кој резултатот постојано беше тесен.
Дејан Милосављев имаше 14 одбрани против Швајцарците, но неговото остварување го достигна и голманото на Луцерн - Кристијан Пилиповиќ. Вкупно 13 одбрани имаше довчерашниот голман на ГРК Охрид.
Целје во Загреб отпатува без македонскиот интернационалец Димитар Узунчев кој сѐ уште не е фит за настап. Загреб беше за нијанса подобар и победи со 31-29, на меч на кој македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски имаа доста работа, а поделија и еден директен црвен картон.
Најлесна задача имаше Веспрем кој со осум гола разлика го совлада тимот на Порто (36-28).
Емил Нилсен дебитираше за Веспрем во Лигата на шампионите со 14 одбрани.
1. коло:
Загреб – Целје 31-29
Келце – Луцерн 30-29
Алборг – ПСЖ 33-33
Веспрем – Порто 36-28
Вечерва играат:
20:45: Нант – Висла – Плоцк, Барса – Архус, Магдебург - Колстад
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Група „А – Веспрем, Берлин, Порто, Партизан
Група „Б“ – Нант, Мелсунген, Висла, Вардар 1961
Група Ц“ – Алборг, ПСЖ, Загреб, Целје
Група „Д“ – Спортинг, Сегед, ГОГ, Кристијанштат
Група „Е“ – Барса, Монпеље, Динамо Букурешт, Архус
Група „Ф“ – Магдебург, Келце, Колстад, Криенс Луцерн