Кадетките го чекаат стартот на квалификациите за ЕП 2027

Женската кадетска репрезентација на Македонија до 17 години го одржа собирот и ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство во 2027 година.

Македонските ракометарки ги очекуваат три натпревари во квалификациската група, а сите ќе ги одиграат на домашен терен. Прв противник ќе биде селекцијата на Косово, на 27 ноември, со почеток во 18:30 часот.

Веќе следниот ден, на 28 ноември, Македонија ќе се соочи со Грција, додека квалификацискиот циклус ќе го затвори на 29 ноември против Литванија. И двата натпревари се закажани за 18:30 часот.

Распоред на натпреварите:
27 ноември (петок), 18:30 часот: Македонија – Косово
28 ноември (сабота), 18:30 часот: Македонија – Грција
29 ноември (недела), 18:30 часот: Македонија – Литванија