Вардар поразен на стартот на Лигата на шампионите

Фото: Денис Дуковски/Меѓународен ракометен турнир Охрид 2026

МЕЛСУНГЕН – ВАРДАР 1961 33-31 (16-15)
Симиќ (11 одб), Гола 5, Дорстен 5 – Гогов (6 одб), Воркапиќ 9, Љевар 7


Вардар одигра сосема коректен и борбен натпревар на гостувањето во Германија во првото коло од Лигата на шампионите, но Мелсунген беше за нијанса подобар и ги освои двата бода. Во следното коло во Скопје ќе гостува екипата на Нант која во првото коло на домашен терен го совлада тимот на Висла Плоцк.

Првите 30 минути од натпреварот беа период што го одбележа резултатска рамноправност во која сепак, домашниот состав ја имаше контролата. По шест минути игра гол за гол и резултат 4-4, Германците во една секвенца одиграа подобра одбрана, Вардар 1961 немаше решенија во нападот и стигна серија од 3-0, за прв поосетно водство (7-4).
Но, грешеа и Германците. Гарсија Парондо во воведниот период играта ја насочи преку Криштопанс, а тој иако подели неколку асистенции, имаше и висок процент на лоши додавања и загубени топки.
Мелсунген не ги искористи максимално своите пет минути и потоа сликаа на теренот почна да се менува. Вардар 1961 влезе во посигурен ритам, казни неколку грешки на домашните и се воспостави резултатска рамнотежа, а резултатот се движеше најчесто меѓу гол и два гола разлика.
Небојша Симиќ беше одличен на голот на Мелсунген и тој стана главната причина што домашниот состав успеа да го одржи водството.
Во втората половина на полувремето видоме нешто и од „новиот“ тренд, а тоа да игра со четири бека и без пикер. Ја форсисраше Иван Чупиќ и не изгледаше лошо. Зоната на Мелсунген отиде напред, се отворија опции за продорните бекови и Вардар наизглед лесно постигнуваше голови.
Првиот дел заврши со гол предност за Мелсунген, благодарение на Симовиќ кој го одбрани последиот шут.

Гарсија Парондо во второто полувреме внесе опасен играч на терен – Арон Менсинг. Тој веднаш почна да погодува, а откако Симиќ во петтиот обид му одбрани пенал на Вукашин Воркапиќ, Мелсунген поведе со четири гола разлика (22-18). Веднаш потоа разликата стана и плус пет (24-19, 25-20) и Иван Чупиќ побара тајм аут во кој нервозно реагираше кај своите играчи.
Се подобри Вардар 1961 по минутата одмор и успеа да се врати на минус три гола. Вукашин Воркапиќ играше добро, воопшто одлично игра од почетокот на сезоната српското крило, а и египетскиот бек Абделхак беше доста корисен за црвено-црните, но немаше никаква поддршка од голманот Милош Валах во вториот дел.
Но, откако Иван Чупиќ се охрабри да му даде шанса на Васил Гогов, работите на теренот почнаа да се менуваа. Пет одбрани нанижа новиот капитен на Вардар 1961 за десетина минути, а предноста на Мелсунген комплетно се стопи Вардар намали на 27-28, па Парондо беше принуден да бара тајм аут.

Две одбрани на Симиќ го вратија Мелсунген во (по)комфорна зона, Криштопанс беше доста корисен во нападот и Мелсунген одново поведе со три гола разлика. Имаше Вардар 1961 уште еден обид за пресврт што заврши неуспешно и во последната минута Мелсунген имаше водство од 33-30 и ги освои двата бода.
.