ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА РОМАН ЛАГАРД

Тешка семејна трагедија го погоди францускиот ракометар Ромен Лагард. Ракометарот на Нант го загуби својот едногодишен син, потврди францускиот клуб.
Нант ја потврди веста и апелираше до јавноста да ја почитуваат нивната приватност во овие исклучително тешки моменти и да не го контактираат директно Лагард во наредните денови и недели.
Причината за смртта на детето не е соопштена, па затоа нема место за шпекулации.
Во знак на почит кон семејството, Нант потврди дека Лагард не настапи на првите два натпревари од сезоната – против Трембле во францускиот шампионат и против Висла Плоцк во Лигата на шампионите.
Дали ќе настапи во среда во Скопје е отворено прашање.