ВТОРО КОЛО – 12 СЕПТЕМВРИ
16:30 Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс
19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид
19:00 МРК Куманово – Вардар 1961
19:00 ГРК Тиквеш 2014 – Бутел Скопје
19:00 ГРК Охрид – Струга
19:30 Младост 1977 – Прилеп
По возбудливиот старт на новата сезона, денеска на програмата е второто коло од македонската машка Суперлига, кое носи шест натпревари и неколку интересни пресметки. Овој пат, сепак, нема да имаме дерби меѓу екипите од големата четворка, па фокусот ќе биде поместен на други натпревари.
Поради специфичноста на натпреварите, најголемо внимание привлекуваат дуелите во Битола, каде што ќе гостуваат двата тима од Автокоманда – Алкалоид и Мулти Есенс.
Еурофарм Пелистер од 16:30 часот го пречекува тимот на Мулти Есенс. Битолчани во првото коло ремизираа на гостувањето кај Охрид (28:28), додека Мулти Есенс беше поразен од Алкалоид.
Нешто подоцна, од 19:00 часот, двојната програма ќе биде комплетирана со дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид. „Двојката“ ќе има тежок предизвик против тимот предводен од Кирил Лазаров, кој убедливо го отвори шампионатот со победа над Мулти Есенс од 38:28.
Актуелниот шампион Вардар 1961 гостува кај Куманово, додека во Кавадарци Тиквеш 2014 го пречекува Бутел. Во Охрид, пак, е закажано езерското дерби меѓу Охрид и Струга.
Последниот натпревар од второто коло ќе се одигра во Богданци, каде повратникот во елитата Младост од 19:30 часот ќе го пречека Прилеп. Екипата од Богданци имаше убав старт и освои бод на гостувањето кај Бутел Скопје, а сега ја очекува првиот поголем предизвик на домашен терен.