-
13.9.2026
-
Македонски ракомет
Второто коло во машката Суперлигата немаше дерби меч од големата четворка, но на општо изненадување, двајца фаворити мораа многу сериозно да играат до крајот на натпреварот, а имајќи предвид како се двиежше резултатот на тие натпревари, постоеше и шанса за резултатско изненадување.
МРК Куманово беше теоретски најблиску до таков подвиг и тоа против двократниот европски првак Вардар 1961.
Натпреварот заврши со тесна победа на скопскиот состав од 32-30, но домашните ракометари успеја од 25-30 во 54 минута, да стигнат до 30-31 во последната минута. Вардар 1961 немаше право на грешка во последниот напад, но успеа да одигра вистинска комбинација за да постигне гол за 32-30 и конечна победа.
Тензично беше и во Битола, на дуелот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид. Таму домашниот состав одигра фанатично борбен натпревар и фаворитот постојано беше под резултатски притисок. Но, имаа доволно концентрација ракометарите на тренерот Кирил Лазаров и го исконтролираа резултатот за конечна победа од 31-27.
Натпреварот што понуди најмногу драматични моменти, а беа и комплетирани и со резултатски пресврт за победа во последните пет минути се одигра во Богданци. Таму екипата на Прилеп беше во негатива од три гола (26-29) на истекот на 55 минута. Но, во последните четири минути, домашните ракометари не успеаја да постигнат ниту еден гол, а гостинскиот состав постигна четири, од кои последниот на Димитар Димитроски (вкупно 10 гола) беше победничкиот за конечни 30-29.
На другите три средби немаше толкави резултатски неизвесности, иако на Еурофарм Пелистер му требаа повеќе од 25 минути за да го скрши отпорот на младиот тим на Мулти Есенс, додека Охрид славеше убедлива победа на езерското дерби со Струга (33-16), а ГРК Тиквеш го совлада Бутел Скопје со 38-33.
РЕЗУЛТАТИ СУПЕРЛИГА
2 КОЛО
Е. Пелистер – Мулти Есенс 38-27
Е. Пелистер 2 – Алкалоид 27-31
МРК Куманово – Вардар 1961 30-32
Младост 1977 – Прилеп 29-30
ГРК Охрид – Струга 33-16
ГРК Тиквеш – Бутел Скопје 38-33