-
20.9.2026
-
Македонски ракомет
Викендов се комплетираше првото коло во ЕХФ Европскиот Куп по кое 19 екипи што играа во најраната фаза од најмасовното натпреварување досега во клупската историја на ЕХФ обезбедија пласман во следната рунда на елиминации.
Меѓу екипите што го завршија настапот во Европа за жал има и една македонска екипа. ГРК Тиквеш е елиминиран во првото коло од екипата на Еш од Луксембург.
Но, во второто коло, својот прв настап во ЕХФ Куп го чекаат три македонски екипи. Меѓу нив се и двата последни освојувачи на овој Куп, екипите на РК Алкалоид и ГРК Охрид.
Овие два македонски тима се во првиот шешир за ждрепката што на 22 септември ќе се одржи во Виена.
Во вториот шешир е екипата на РК Бутел Скопје која заедно со 19 екипи што се квалификуваа и уште 12 што беа директно пласирани во второто коло го формираа шеширот на неносители.
Вкупно 64 екипи ќе бидат дел од ждрепката во вторник. ЕХФ кој како новина во ждрепката за првото коло воведе заштита од типот два клуба од иста држава да не можат да играат меѓусебе, нема официјално потврдено дали таа ќе важи и за второто коло.
Додека тоа не биде објаснето, ќе го водиме тимот на РК Бутел Скопје како потенцијален противник на ГРК Охрид и РК Алкалоид.
Комплетниот список на учесници во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп поделен на прв и втор шешир како што ќе бидат во ждрепката, изгледа вака:
Прв шешир:
Алкалоид и Охрид (Македонија), Островија (Пол), Олимпијакос (Грц), Хаукар (Исл), Темишвар (Ром), Борац (БиХ), Плер (Унг), Тримо Требње (Сло), Рунар (Нор), Бешикташ (Тур), Војводина (Срб), ЈАГС и Волендам (Хол), Дукла Прага (Чеш), БК-46 (Фин), Касано (Ита), Бистрица (Свк), Горица (Хрв), Винтертур (Шва), Полва Сервити (Ест), Мотор (Укр), Анортозис (Кип), Ловќен (Мне), Х-71 (Фар), Спортинг Пелт (Бел), Клаипеда (Лит), Ред Бојс (Лук), Кастриоти (Кос), Ќур (Азе), Хашарон (Изр), Добеле (Лет)
Втор шешир:
Бутел Скопје (Македонија), Ајслингтон (ГБР), Слога Добој (БиХ), Нербо (Нор), АЕК, Јоникос, Драма и ПАОК (Грц), Холон и Макаби Ришон (Изр), Еш и Берхем (Лук), Бурса, СпорТото и Истанбул (Тур), Кремс, Ферлах и Фајверс (Авс), Берн (Шва), Дубочица 54 и Динамо Панчево (Срб), Омонија (Кип), МКС Калиш (Пол), Потaиса Турда (Ром) Трогир (Хрв), Горење Велење и Словењ Градец (Сло), Талин Мистра (Ест), Жубри (Чеш), Хелсинки (Фин), Сасари (Ита) и Бојнице (Свк)