ЕХФ Куп: Охрид со два меча дома, Алкалоид и Бутел ќе одат и на гости

Екипата на ГРК Охрид, актуелниот првак во ЕХФ Европскиот Куп, двата натпревари од второто коло во новата сезона во ЕХФ Куп ќе ги игра на домашен терен. ГРК Охрид и Спор Тото од Турција се договорија првиот меч да се игра на 23 октомври во „Билјанини извори“, а вториот ден подоцна во истата сала.

Екипата на Алкалоид, која, пак, е ланскиот победник на ЕХФ Европскиот Куп, во второто коло ќе оди на гостување.
Првиот меч против австрискиот тим Ферлах ќе се игра во „Автокоманда“ на 17 октомври, а реванш натпреварот е закажан седум дена подоцна во Ферлах, Австрија.

Екипата на Бутел Скопје исто така ќе игра гости-дома во второто коло од ЕХФ Куп. Бутелчани на 17 октомври ќе играат против РК Горица во Хрватска, во Велика Горица, а реваншот е на 24 октомври во Скопје. Засега официјално не е потврдено во која сала.