Скопскиот судиски збор ќе се реактивира, најавени неделни состаноци

На иницијатива на генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Влатко Тасевски, во просториите на Федерацијата се одржа состанок со ракометните судии од Скопје.

Главни теми на состанокот беа реактивирањето на Скопскиот судиски збор, подобрувањето на меѓусебната комуникација и координација, како и унапредувањето на професионалниот развој на судиите.

Предвидено е да се одржуваат неделни состаноци со цел создавање посилна, поорганизирана и пофункционална судиска заедница.
Судиите покажале подготвеност за ваква форма на работа, а договорено е наскоро да се одржи првиот состанок на кој ќе се коментираат и анализираат судиските ситуации од натпреварите во македонските првенства.