Алкалоид и Ферлах ги открија картите пред дуелот во Автокоманда!

РК АЛКАЛОИД – СЦ КЕЛАГ ФЕРЛАХ
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Иво Бошњак и Јосип Мариќ од БиХ. Делегат: Кенан Чокмен од Турција.
РК Алкалоид: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Улфар Пал Монси Тордарсон, Матиц Сухолежник, Никола Костески, Марко Стојковиќ, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Мартин Велковски, Филип Николов, Нејц Цехте, Александар Петковски, Дамјан Митев, Урош Борзаш, Михаил Аларов, Емилијан Ѓорговски.

СЦ Келаг Ферлах: Арне Фукс, Штефан Вузела, Симон Кнап, Тони Перкушиќ, Петар Станиќ, Давид Гисин, Лорин Ебнер, Маркус Келих, Михаел Јесахер, Лука Ебнер, Флоријан Плонер, Изидор Буџа, Адријан Миличевиќ, Јакоб Келих, Блаж Носан, Михаел Конечни.

Екипата на Алкалоид попладнево во Автокоманда ќе се сретне со австрискиот тим Ферлах во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот куп. Во пресрет на натпреварот, тренерите Кирил Лазаров и Миро Баришиќ ги одбраа ракометарите со кои ќе го одиграат првиот од предвидените два натпревари.

Во тимот на Алкалоид денеска поради повреди нема да настапат Вуко Борозан, Ненад Костески и Валентин Карасманакис.

Во гостинскиот состав најзвучното име што нема да настапи е Патрик Лебан, поранешниот капитен на Ферлах, кој сезонава ќе ја комбинира играчката кариера со тренерска улога. Нов капитен на тимот е Адријан Миличевиќ.

Со објавувањето на составите, картите се на маса, а следното од двата тима ќе видиме на теренот.

Натпреварот почнува во 19:00 часот и ќе се игра во салата „Автокоманда“. Директен пренос е најавен на ТВ Арена М2 Премиум.