Скопје или Атина? Каде ќе се додели пехарот од ЕХФ Куп?

Алкалоид се пласираше во големото финале и стана третиот македонски тим што (ќе) игра за пехар во европско натпреварување откако го елиминираше и норвешкиот претставник Рунар Сандефјорд по епска драма што заврши со изведување на пенали каде што царуваше Иван Галевски. 

Следниот противник на Алкалоид е легијата на странци што настапува во грчкиот тим АЕК. Во ЕХФ Европскиот Куп нема Фајналфор турнир, туку и финалето ќе се игра во два натпревари. Едниот во Скопје, другиот во Атина. За организација на овие натпревари и критериумите на ЕХФ се повисоки, па најверојатно нема да може да се игра во Автокоманда. 

Скопје или Атина? Победничкиот пехар ќе биде доделен на 24/25 мај, откако на 17/18 мај ќе се одигра првиот натпревар од финалниот двобој. 

Утре во 11 часот ќе биде одржана ждрепка во Виена по која ќе се знае каде ќе се игра првиот, а каде вториот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп. 

Поврзани вести