Лазаров: Немаме право на грешка

Навикнати да одат по потешкиот пат, македонските ракометари уште еднаш ќе треба да се соочат со неизвесноста и притисокот на последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2026 да обезбедат пласман на првенството.
Кирил Лазаров има проблеми околу составувањето на екипата и стратегијата, но на вакви натпревари се одвојуваат силните и се пишува историја.

„Јас сум секогаш оптимист и во животот и во спортот, така ќе настапам и сега. Мора да бидеме внимателно со оглед на моменталниот наш здравствен билтен. Доста играчи ни фалат, има некои нови играчи кои мора да ги заменат во одлучувачки натпевари. Периодот е краток. Немаме право на грешка, очекувам два психолошки тешки натпревари.
Верувам во тимот и во екипата дека ќе одговорат со вистинско лице, голем дел од играчите кои се повикани знаат какви се овие квалификациски натпревари и знаат како е да немаш право на грешка. Сакам да ја видам нивната реакција, а и на новите играчи кои се тука. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот. Естонците покажаа во Скопје дека играат на гол повеќе, Литванците се покажаа во добро светло со Словенија.

Ќе ни биде потребна поддршката од нашите навивачи. Но, одиме чекор по чекор - прво одиме на Естонија, потоа на Литванија“, изјави Лазаров.

Поврзани вести