Одредена премија за ракометарите за пласман на ЕП


Ракометните репрезентативци ќе имаат и дополнителен, финансиски мотив за пласман на Европското првенство во 2026 година. Ракометарите ќе поделат три милиони денари премија за пласман на ЕП од кои пола ќе бидат обезбедени од РФМ, а пола од Министерство за спорт.

РФМ денеска објави дека таква одлука е верфикувана од Упрвниот одбор.

Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија,согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлукa согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното Европско првенство преку квалификациските натпревари со репрезентациите на Естонија и Литванија, во висина од 1.500.000 денари нето износ од РФМ.


Дополнитена мотивација од Министерстото за спорт е исто така парична награда од 1.500.000 денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за пласман на Европското првенство.

Поврзани вести