Загреб се раздели со тренерот Петковиќ

Foto: Прес служба ФГР

Хрватскиот првак Загреб останува неприскосновен лидер кога е во прашање бројот на сменети тренер. Последен на листата кој не издржа ниту една сезона е Велимир Петковиќ, искусен тренер кој поголемиот дел од кариерата го помина во Германија, а беше селектор и на репрезентацијата на Русија.

Велимир Петковиќ објективно го подигна нивото на игра на Загреб во Лигата на шампионите, но откако заврши европската сезона во клубот се појавија старите проблеми – незадоволство во соблекувалната што кулминираше со реми на натпреварот со Нексе и веднаш потоа спогодбена смена на тренерската позиција.

Поврзани вести