Македонија денеска ќе навива за Словенците

Денеска во Виљнус, Литванија ќе се одигра првиот натпревар од групата во која е Македонија, од петтото квалификациско коло за пласман на ЕП 2026.

Гостин во Литванија е екипата на Словенија, репрезентација која на две кола до крајот има обезбедено пласман на ЕП, а практично и првото место им е загарантирано доколку бидат сериозни до крајот.
Составот со кој Урош Зорман отпатува во Литванија е далеку послаб од тој што дојде во Скопје во март. Ги нема Блаж Благотиншек и Блаж Јанц кои ја водеа Словенија до двете победи над Македонија, а нема и ред други познати имиња.

Исходот од овој натпревар е многу важен за Македонија. Ако Литванија победи или освои бод, тогаш математички ќе го освојат второто место на табелата и ќе се пласираат на ЕП.
Во тој случај, дуелот што Македонија ќе го игра со Естонија утре во Талин нема да има резултатска важност. Нашиот тим ќе биде во позиција да игра за третото место и пласман на ЕП да бара како една од четирите најдобро третопласирани од вкупно осум. Во одредувањето на тој пласман ќе се сметаат само резултатите со прво и второпласираните на табелата.

Но, доколку Словенија вечерва победи, тогаш Македонија мора да победи утре во Естонија, а потоа во последното коло со евентуална победа од најмалку три гола разлика би го освоила второто место.

Ова е сценариото за кое сметаме дека е пореално да се оствари. Како ќе изгледа дуелот меѓу мотивираните Литванците и прашање колку мотивирани Словенци вечерва, е неблагодарно да претпоставуваме, но секако со внимание ќе го следиме развојот на настаните во Виљнус.

Дуелот меѓу Литванија и Словенија почнува во 18:00 часот.

 

Поврзани вести