Словенците на ниво во Литванија

Photo>IHF/Kolektiff

Репрезентацијата на Словенија и со својот условно кажано трет состав, одигра на потребното ниво и ја совлада Литванија како гостин со резултат 31-28.

Сега топката одново е во рацете на македонската репрезентација која има шанса со две победи во следните два натпревари да обезбеди пласман на Европското првенство во 2026.
На Македонија и е потребна каква и да е победа над Естонија на мечот што ќе се игра утре во Талин, а потоа во Скопје, во недела да ја совлада репрезентацијата на Литванија со повеќе од два гола разлика.

Поврзани вести